Кој сме ние
Креативно Јадро е невладина организација создадена од група пријатели кои ги споделуваат страстите кон дигиталната уметност и развојот на игри.
Да изградиме простор каде младите луѓе можат да учат, создаваат и соработуваат на дигитална уметност и игри — без бариери и со вистинска поддршка.
Македонска сцена на инди игри и дигитална уметност која е препознатлива во регионот и пошироко — со свој идентитет и глас.
Веруваме дека најдобрите работи се создаваат заедно, со отворен ум и желба за учење.
Сѐ почна со порака во апликација за разговор — еден од нас праша „Зошто нема инди гјм сцена во Македонија?“. Одговорот не беше „затоа што не може“, туку „ајде да ја создадеме“. Неколку месеци подоцна, Креативно Јадро стана официјална организација.
Денес градиме заедница од уметници, развивачи и ентузијасти кои веруваат дека креативноста е јадрото на сѐ.